Откако во октомври годинава беа објавени првите шпионски фотографии од новата генерација на Seat Leon сега на интернет се појавија повеќе фотографии од тестирањето на овој модел композирани во видео презентација.
Она што е прво воочливо од фотографиите е големината на автомобилот. Новата генерација доаѓа со значително поголеми димензии кои обезбедуваат повеќе простор на задната клупа, а особено во багажниот простор.
Познато е и дека овој автомобил се базира исто така на MQB платформата, а значително намалена е и тежината на автомобилот. Во продажба доаѓа наредната година, а саемската премиера ќе ја има на саемот во Женева.
https://youtu.be/TDEGosSqh88
Што се однесува до историјaта на овој модел, тој е воведен во 1998 година. Оваа прва генерација во целост била дизајнирана од италијанецот Џорџето Џуџаро што придонело да добие неколку награди за автомобил на годината во повеќе европски земји.
Во мај 2005 година е лансирана втората генерација која на пазарот се задржува до 2012 година. Последната и актуеллна генерација е лансирана 2012 година. Дизајнот е дело на Алехандро Месонеро Романос, а истиот овој автомобил се темели на MQB платформата која ја користат повеќе модели на Volkswagen Групацијата.