Во пресрет на премиерата која би требало да се случи на саемот во Франкфурт во септември годинава, на интернет се појави прво видео од тестирањето на подновениот Land Rover Discovery Sport.
Овој модел од страна на Jaguar Land Rover беше премиерно претставен во 2014 година, а по пет години доаѓа и освежување за истиот.
Новиот Discovery Sport добива и нова платформа. Досегашната JLR D8 ќе биде заменета со Premium Transverse Architecture која треба да овозможи поголема пространост во внатрешноста, а која воедно поддржува и целосна електрификација.
Визуелно, се очекуваат помали измени кои треба да бидат инспирирани од Velar и новиот Evoque. Тука пред се се очекуват измени на браниците, предните и задните светла како и предната маска. Измени се очекуваат и во внатрешноста која треба да биде дополнително модернизирана.