Првите Tesla полначи доаѓаат во Белград – кога во Македонија?

ОБЈАВЕНО НА:

На Twitter се појави фотографија од Tesla полначи кои наводно се поставуваат на паркингот на Ikea во близина на српската престолнина. Станува збор за четири суперполначи на Tesla кои за прв пат се инсталираат во Србија. Истите доаѓаат откако во 2017 година Маск најави дека во оваа земја ќе бидат поставени три станици за полнење батерии на Tesla автомобилите.

Претходно Илон Маск на својот Twitter профил најави дека во Србија, Хрватска и Словенија Tesla ќе отвори продажно-сервисни центри.

Но каде е Македонија во сето ова? Засега американскиот гигант нема намера да се прошири во Македонија па за скоро сигурно нема да видиме ниту полначи, а уште помалку некој продажен салон.

Сепак во стратешкиот план на Tesla стои дека до крајот на 2030 овој производител би требало да биде присутен во сите европски земји.

 

Tesla потврди: Наскоро пуштаме суперполнач и во Скопје! (Фото)

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK