Првиот тркачки автомобил на водород

ОБЈАВЕНО НА:

Италијанското ателје Pininfarina, кое е заедничко на француско-швајцарската компанија GreenGT на саемот во Женева го претстави автомобилот H2 Speed. Тоа е првиот сериски тркачки автомобил во светот.

Иако изгледа како концепт, H2 Speed се јавува како сериски автомобил, а од него се предвидени да се произведат само 12 примероци.

Серискиот водороден тркачки автомобил е опремен со два синхорнизирани електромотори и акумулаторски блок. Електроенергијата за моторите се создава од водородни клетки, а максималната брзина е 653 коњски сили.

Тоа дозволува забрзување од 0 до 100 км/ч за 3,4 секунди и максимална брзина од 300 км/ч. H2 Speed нема сертификат за движење на автопат и е предвиден исклучиво за тркачки патеки.

Шасијата е целосно карбонска, а платформата е LMP. Масата е идеално распределена меѓу двата моста.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK