Првиот plug-in хибрид на Opel е достапен за нарачка

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Opel веќе го има на својата листа на нарачки и првиот plug-ing хибриден модел, кој е со можност за лизинг по цена од 399 евра месечна рата или за 49.940 евра (Business Edition). Се работи за моделот со име Grandland X Hybrid4

Opel Grandland X Hybrid4 доаѓа со погон на четири тркала, а хибридниот погонски систем ветува максимална моќност од 300 коњски сили. Таа доаѓа од 1.6-литарскиот бензинов турбомотор со 200 коњски сили, 2 електромотори со општа моќност од 109 коњски сили, литиум-јонска батерија (13.2 kWh) и осумстепен автоматски менувач.

Автомобилот нуди избор меѓу четири основни режими на работа:целосно електричен, хибриден, AWD и спортски. Од компанијата споделуваат дека батеријата, која нуди можност за возење до 52 километри во чисто електронски режим, може да биде наполнета за помалку од два часа.

Grandland X Hybrid4 и новата целосно електрична Corsa-e, се пионерите ви програмата за електрификација на Opel, која предвидува целосното портфолио на брендот да биде електрифицирано до 2024 година. Во следните 20 месеци, брендот на пазарот ќе ја лансира новата Corsa, новите Zafira Life, Vivaro и целосно новата Mokka X, а секој модел од нив ќе добие и целосно електрична верзија.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK