Првиот летечки автомобил ќе биде промовиран во Женева

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата PAL-V од Холандија ќе го искористи саемот во Женева за да им го покаже првиот летечки автомобил на клиентите кој е наменет за продажба. Концептот на автомобилот беше претставен уште во 2012 година кога компанијата сакаше да покаже дека може да се создаде возило кое ќе се движи и во воздух и на земја.

Автомобилот со име Liberty е превозно средство со три тркала кое има потреба од пет до десет минути за да се трансформира од автомобил во летечко возило.

Нема многу детални информации околу Liberty, а сосема извесно е дека превозното средство е со два моторо за во воздух Rotax и е проектиран така што ќе одговара на потребите на автомобилите и летечките апарати во Европа и во САД.

Возилото ќе можат да го возат двајца, но шоферот ќе треба да има специјална лиценца за управување. Се очекува првите возила да почнат да се доставуваат до клиентите кон крајот на годината, а цената ќе биде околу 425.000 фунти.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK