Првиот електричен скутер на SEAT

ОБЈАВЕНО НА:

Шпанскиот автомобилски производител SEAT во декември стартуваше со производството на првиот електричен скутер во историјата, SEAT MÓ eScooter 125.

Тоа е резултат на соработката меѓу SEAT и Silence, е следен чекор кој го прави брендот во стратегијата за ширење на понудата на решенијата за мобилност, а тука основниот акцент е ставен на животната средина.

Електричниот скутер, кој ќе биде достапен во продажните салони на SEAT во Шпанјиа, Германија, Франција, Италија, Австрија и Швајцарија во првиот квартал од 2021 година, и е во состојба да понуди максимална брзина на движење од 95 км/ч, како и слободен домет од 137 километри.

SEAT MÓ eScooter 125, кој е достапен за купување за цена од 6.250 евра нуди можност за избор меѓу три основни режими на работа – Eco, City и Sport, како со најдинамичните поставки се забрзува од 0 до 50 км/ч за 3,9 секунди.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK