Саемот во Женева ќе биде од огромна важност за шпанскиот производител Seat. Таа важност доаѓа од фактот што на овој саем Seat премиерно ќе го претстави својот прв електричен автомобил.
Овој модел во замаскирана форма е претставен уште минатата година кога беше најавена премиерата токму за овој саем.
Електромобилот на SEAT е изграден на модулна платформа на VW MEB, која компанијата ја користи кај сите прототипови од серијата I.D. Шпанскиот модел има можност со едно полнење да помине 500 километри, а моќноста на електромоторот е 204 коњски сили. Батеријата на el-Born е со капацитет од 62 киловат часови.
El-Born се базира на платформата MEB која ја користат и други електрични автомобили во рамките на Volkswagen Групацијата. Во производство и продажба се очекува не подоцна од првата половина на 2021 година.