Првиот автономен прототип на Opel доаѓа во септември 2018

ОБЈАВЕНО НА:

Првиот прототип на целосно автономно возило под брендот на PSA веројатно нема да биде француски!  Peugeot почнува со тестирање на автономниот 3008 прототип во Сингапур во септември, додека DS наскоро ќе понуди единствено полуавтономен систем, како самостојно паркирање и систем за набљудување на позицијата на возилото на пат, и тоа за нивниот најдобар модел DS 7 Crossback SUV.
Во меѓувреме Opel, кој е исто така дел од семејството на PSA развива својат технологија за целосно автономно возење на автопат.

Брендот е дек од Ko-HAF – Kooperatives hochautomatisiertes Fahren, што е германски проект за развој на високо автоматско возење, што почна уште во јуни 2015 година, и ќе заврши во ноември 2018. Кулминација на овој проект ќе биде демонстрацијата на автономниот прототип на Opel во реални услови на автопат, што е планирано за септември 2018.

Улогата на Opel во проектот е да работи на компјутеризирање на мапите и одвојување на автомобилот од автоматизираната сосотојба на возење, со што повторно му се враќа контролата на возачот. Друг фокус за компанијата е развој на софтвер и систем на сензори за отркивање и класификација на возачките акции додека автомобилот вози автоматски.

Крајна цел на инженерите од Риселсхајм е да се создаде прототип што автоматски може да влезе на автопат и да се вклучи во сообраќајот, да вози, вклучувајќи и престигнување и конечно да може да се исклучи од сообраќајот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK