Први тестови на Renault Triber (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Во јуни годинава Renault india Private Limited го претстави моделот Triber наменет за индискиот пазар. Сега по само неколку месеци доаѓаат и првите тестови на овој автомобил.

Првиот тест на овој автомобил го направи Autocar India, а иако должината изнесува 3.990 мм, ширината 1.739 мм, висината 1.643 мм додека пак меѓуоскиното растојание 2.636 мм, овој нуди одличен простор со бројни додатоци за складирање.

Иако внатрешноста се очекуваше да биде идентична како и кај моделот Kwid (модел кој исто така е достапен само во Индија, а е во производство на Renault), сепак од видеото може да се забележи дека внатрешноста е значително изменета. Централно е поставен 7.8 инчниот екран осетлив на допир кој доаѓа со Apple CarPlay и Android Auto.

Автомобилот е веќе достапен на индијскиот пазар, а почетната цена изнесува 530.000 рупии што е еднакво на 6.800 евро.

Штета што ваквите возила Renault не ги нуди и н адругите пазари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK