Први фотографии од внатрешноста на Porsche Taycan

ОБЈАВЕНО НА:

Конечно на интернет се појави нешто конкретно за моделот Taycan на Porsche. По најавата на овој прв целосно електричен модел на Porsche за кого веќе има над 30 илјади нарачки на интернет се појави и првата фотографија од внатрешноста на автомобилот.

Иако фотографиите се со слаб квалитет, сепак може да се види внатрешноста. Како и кај сите останати премиум автомобли од Volkswagen Групацијата, така и кај овој доминираат двата големи екрани: првиот зад воланот и другиот централно поставен.  Од фотографиите може да се види и високиот квалитет на изработка на ентериерот кој во ниту еден момент не беше ставен под знак прашалник.

Според информациите, Taycan до 100 км/ч. ќе забрзува за помалку од 3,5 секунди благодарение на двата електрични мотори кои продуцираат повеќе од 600 КС. Максималната брзина која може да ја постигне овој автомобил изнесува 249 км/ч, а со едно полнење ќе може да помине речиси 500 км.

Porsche Taycan

Цената на овој модел кој во 2015 година дебитираше како концепт под името Mission E, ќе изнесува 80.000 евра, а премиерата на продукцискиот модел ќе се случи во септември, на саемот во Франкфурт или на специјален настан кој ќе се одржи пред почетокот на овој саем.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK