Најголемиот руски производител на возила AvtoVAZ уште во септември соопшти дека наскоро ќе ја претстави втората генерација на моделот Largus. Во пресрет на промоцијата на која се уште се чека, руски сајтови објавија шпиунски фотографии од обовената Lada Largus во Cross верзија.
Фотографиите се направени во еден од објектите на рускиот производител. Она што може да се заклучи уште од прва е сличниот изглед со првата генерација на Dacia Logan MCV.
Должината на Cross верзијата треба да изнесува околу 4,450 мм, но за неколку сантиметри е зголемен клиренсот. Под хаубата доаѓа со две верзии на 1,6 литарскиот бензински мотор – едната со 87 КС, а другата со 106 КС.
И Lada Largus како и Cross верзијата во продажба доаѓаат следната година во Русија и земјите од поранешниот СССР.