Наскоро треба да биде претставен новиот Kia Sportage, а дека тоа е навистина блиску покажуваат и последните шпиунски фотографии на маскираниот модел на натеката Нирбургринг во Германија. Ова е петтата генерација на најпознатиот и најпродаван СУВ модел на корејскиот бренд.
Ниските фарови и вдлабнатите задни светла се чини дека се многу впечатливи. Kia Sportage од моделската 2022 година потсетува малку на комплетно новиот Hyundai Tucson што се однесува до обликот на телото, пропорциите и површинскиот третман.
Тоа не е толку изненадувачки затоа што Sportage ќе ја сподели платформата со најновиот Tucson. Претстојниот Sportage не изгледа како ништо од сегашната постава на Kia и веројатно ќе отвори нов дизајн јазик за брендот.
Според папарацо фотографот кој ја снимила новата генерација што се тестира, овој конкретен прототип бил плагин хибрид затоа што немал никаков шум на моторот при стартување. Се очекува Sportage PHEV да комбинира 1,6-литарски турбо-бензинец со електричен мотор и пакет батерии од 13,8 kWh.
Како и кај Tucson опсегот на возење на чиста батерија треба да биде околу 45 км. Остатокот од понудата на мотори веројатно ќе го имитира оној на неговиот роднина Hyundai и вклучува 187 КС со 2,5-литарски агрегат и 1,6-литарски хибрид со само-полнење во Северна Америка. Хибридните и plug-in хибридните модели треба да бидат со стандардна AWD.
Во Европа, Kia Sportage 2022 година може да понуди вкупно пет електрифицирани опции, вклучувајќи благ-хибрид и хибриден plug-in погон, како и 1.6-литарски CRDi турбо дизел.
Опциите за менувачот ќе вклучуваат шестстепен интелигентен рачен менувач (iMT) и седумстепен автоматски двојна спојка. Се очекува целосно новиот Sportage да дебитира во април 2021 година во Кореја, а подоцна и во Европа и во Северна Америка.