Компанијата од Русија АвтоВАЗ ги објави првите фотографии од обновената Lada Granta, а официјалната премиера се очекува да биде направена во август на саемот во Москва.
Тoа што дава посебен впечаток е Х-образниот дизајн на возилото, кој првпат се појави на сериско возило кај Vesta. Сега новата Granta е целосно со преработена предница – нова решетка на ладилникот, нови фарови, зголемен размер на амблемот и нов браник.
Куќиштата за ретровизорите се опремени со интегрирани трепкачи. Одзади, пак, местото за регистрациска табличка е преместено од браникот на капакот на багажникот. Преработени се и браниците и стоп светлата, што според Русите се прави со цел визуелно олеснување на задниот дел.
Деталните информации за новите мотори и основните единици и агрегати во моментов нема. Тоа ќе биде објавено за време на саемот во Москва. Во моментов Granta се нуди со 1,6 литарски мотор со капацитет од 87, 98, 106 и 114 коњски сили.
Следната генерација на моделот е планирана за 2021 година, кога ќе биде користена романската платформа на Dacia. Тоа е основата B0, на која во моментов се изработува Dacia Logan.