Во март годинава Seat ги претстави првите фотографии од концептот на првиот електричен автомобил на шпанскиот производител el-Born. Сега по само неколку месеци се појавија и првите шпиунски фотографии од маскираниот модел.
Во моментов овој модел се тестира пред премиерата следната година, а иако маскиран она што се забележува на прв поглед е идентичноста во формата како и Volkswagen ID.3.
Тоа не треба воопшто да биде чудно бидејќи овој електричен автомобил се темели на MEB платформата развиена од Volkswagen Групацијата, истата онаа која се користи и кај првиот целосно електричен автомобил на VW.
Според последните информации шпанскиот модел има можност со едно полнење да помине 500 километри, а моќноста на електромоторот е 204 коњски сили. Батеријата на el-Born е со капацитет од 62 киловат часови.
SEAT ќе го покаже El-Born за време на саемот во Женева.