Први фотографии на целосно новиот СУВ на Isuzu (ФОТОГАЛЕРИЈА)

ОБЈАВЕНО НА:

Во базата на податоци на јапонската канцеларија за патенти се појавија фотографии од следната генерација на Isuzu MU-X. СУВ возилот ќе биде изградено на шасијата на пикапот D-Mаx, чија нова генерација беше претставена минатата есен.

Isuzu MU-X ќe имa кaрoceрија со сопствен дизајн. Решетката на ладилникот, браниците и фаровите ќе бидат различни од тие на пикапот, а дизајнот на задниот дел од разбирливи причини ќе биде целосен.

СУВ возилото на Isuzu ќе го задржи распоредот со седум седишта, но ќе добие целосно нова платформа. Архитектурата Dynаmiс Drivе дебиираше со D-Mаx и имa полесна рамка и каросерија, модернизирана суспензија и диск сопирачки на сите тркала.

Моторната понуда најверојатно ќе биде позајмена од пикап возило, кое е опремено со неколку варијанти на дизел моорите со обем меѓу 1.9 и 3.0 литри и моќност од 150 до 190 коњски сили (350-450 Нм). Трансмисијата ќе движи постојано четирите тркала преку блокиран заден диференцијал и менувач.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK