Први детали за новиот Audi A1

ОБЈАВЕНО НА:

Во моменти кога сите очи се вперени кон Франкфурт и настапот на саемот на автомобили од Audi доаѓаат првите информации за новиот A1 што треба да се појави во првата половина на следната година. Тоа треба да биде втората генерација на моделот.

Во моментов, прототип возила на новиот модел ги минуваат тест испитувања на Севернополарниот круг. Audi A1 е развиен на модуларната платформа на VW Group MQB-A0, како и уште неколку модели на групацијата. Втората генерација ќе биде поголема и должината ќе се зголеми на над 4 метри со меѓуоскиното растојание од 2564 мм.

Според сегашните информации, автомобилот ќе изгледа поцврсто и зрело, а предниот дел ќе биде исполнет во духот на Audi A4. ЛЕД светлата ќе бидат дополнителна опрема, а другите опции се виртуелната контролна табла, Wi-Fi конекцијата и автоматскиот систем за запирање.

Новото Audi A1 ќе се нуди со широк избор на мотори – бензински турбомотор 1.0 литри (95 и 115 КС) и 1.5 литри (150 КС), како и со 1.6 литарски турбодизел со можност од 80, 95 и 115 КС. Плановите за моделот вклучуваат и спортска изведба со целосниот Audi S1, како и помалку моќни верзии со погон на сите тркала.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK