Првата генерација на Peugeot 308 уште живее!

ОБЈАВЕНО НА:

Тоа што е добро секогаш се бара, па дури и кога станува збор за моделикои се „стари“, барем според годините на појавување. Ако на некои пазари се веќе стигнати новите генерации, некаде се уште се продаваат старите со оглед на тоа што таму овие се многу добро прифатени. Иако се постари модели сепак се добро опремени.

Производителите на автомобилот ја прилагодуваат својата понуда на пазарот, платежната моќ на купувачите и законските рамки. Така на локалниот белоруски пазар се продава лимузина Peugeot 408, која е продолжена верзија на првата генерација на моделот 308.

Значи, не на оваа која сега се продава туку на возилото кое во 2007 година го замени Peugeot 307.

Peugeot 408 Sedan се продава по цена од 11.700 евра, а за тие пари може да се добие 1.6-литарски бензинов мотор со 115 коњски сили. Во понудата е моќен бензинец со 150 коњски сили и 1.6-литарски дизел со 115 коњски сили.

Во редизајнираниот облик, стариот 308 се продава и во Аргентина, а таму е достапен со 1.6-литарски бензинец (115 коњски сили и 165 коњски сили) и 1.6-литарски дизел (115 коњски сили).

Таму чини околу 18.500 eвра, што и не е евтино, но автомобилот е добро опремен и вклучува камера за паркирање, навигација…

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK