Електрификацијата на автомобилите дефинитивно прераснува во примарна цел на авто производителите. Во низата на производители кои ќе воведат електрични автомобили во својата понуда се приклучи и Mazda.
Во изјава за Autonews, шефот на јапонскиот производител Акира Марумото изјави дека првиот електричен автомобил кој ќе се појави во сериско производство ќе биде премиерно претставен веќе следното лето.
Говорејќи за плановите на компанијата тој потврди дека во текот на 2021 и 2022 година ќе бидат претставени неколку возила со plug-in хибриден погон. Дел од овие возила ќе бидат plug-in изведби на постоечките модели, а ќе им и целосно нови модели.
Марумото сепак потврди и дека Mazda нема во целост да се посвети на електричните автомобили. Тој додаде дека јапонскиот производител работи и на дизелските агрегати, а главна цел е зголемувае на нивната економичност.