Првата електрична Dacia доаѓа за година или две

ОБЈАВЕНО НА:

Компанијата Renault во чија сопственост е романскиот автомобилски бренд потврди дека Dacia ќе добие сопствен електричен модел и тоа најдоцна за две години. Со оглед на тоа дека Renault веќе со години во својата понуда има електрични модели беше само прашање на време кога во својата технологија ќе ја отстапат и на произведувачот од Романија.

Во плановите на компанијата Renault кои се однесуваат на периодот до 2022 година се споменува и лансирање на „целосно електричен“ модел кој се води како „Dacia Urban City Car“. Кога електричната Dacia ќе се појави точно на пазарот не е прецизирано, но е кажано дека тоа ќе биде во периодот 2021-2022.

Со оглед на тоа што во описот на возилото се наведува дека е збор за мал градски електричен модел, една од можностите е тоа да биде препакуван електричен Twingo Z.E, кој Renault веќе го најави за 2020 година. Twingo Z.E. најверојатно ќе ја користи технологијата на електричниот Smart EQ ForFour со кој дели иста механичка платформа.

Друга опција е електричната Dacia практично да биде европска верзија на постоечкиот модел Renault City K-ZE кој се продава на кинескиот пазар. Во тој случај, фабриката од Романија би морала да усоврши одредени модификации за да може автомобилот да ги задоволи строгите европски стандарди.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK