🎥 Прв тизер на Skoda Elroq

ОБЈАВЕНО НА:

Skoda им го понуди на фановите првиот официјален тизер на Elroq, нудејќи подобар изглед на најновиот кросовер на компанијата. Покрај овој преглед на предниот дел на Elroq, Skoda објави дека новиот електричен SUV со средна големина официјално ќе биде претставен оваа есен.

Еlroq е дизајниран како алтернатива на Skoda Karoq, со нулта емисија на штетни гасови и е дел од серијата електрични автомобили што марката има намера да ги лансира во наредните години, а која вклучува и нов водечки модел со седум седишта.

Skoda Elroq е првиот модел со новата дизајнерска филозофија на Skoda „Modern Solid“, првпат претставена со концептот Vision 7S во 2022 година и дополнително развиен со концептот Skoda Epiq претставен претходно оваа година.

Овој дизајнерски јазик има за цел да обезбеди робустен и современ изглед, а според шефот на дизајнот на Skoda, Оливер Стефани, новиот Elroq „поставува нов тон и е вистинска атракција за окото“.

Тизерот го открива дизајнот на поделените фарови на Elroq кои малку се протегаат на страната на автомобилот, како и натписот на Skoda на контурираната хауба. Одоздола, Elroq се одликува со чисто „Tech-Deck Face“ што е помодерна и поширока интерпретација на традиционалниот дизајн на решетката на Skoda.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK