Прв поглед кон новото лице на S-Class „флагманот” на Mercedes-Benz

ОБЈАВЕНО НА:

Со објавувањето на последното од трите информативни видеа, со кои беше претствена премиерата на целосно новата генерација на Mercedes-Benz S-Class, брендот демонстрираше, дури и само делумно, како изгледа предниот дел од новиот флагман на компанијата.

Третиот дел од редот Meet the S-Class DIGITAL- Luxury & Well-being, ќе биде прикажан на 12 август на специјално изработениот сајт за оваа цел, каде ќе бидат објавени последните детали за новиот автомобил, пред неговата премиера на 2 септември.

Од Mercedes-Benz споделуваат дека основниот акцент во видеото „Meet the S-Class DIGITAL #3: Luxury & Well-being“ ќе биде ставен на внатрешноста на фламанот, кој ќе понуди оптимална ергономија, високо квалитетни материјали и врвна изработка во комбинација со естетски дизајн, анализиран до најмали детали.

Од компанијата велат дека екипата на брендот работела исклучително сериозно на вибрациите и изолацијата на бучавата во купето, која ветува да постави нови стандарди во сегментот.

На крајот на минатиот месец, Mercedes објави дека новата генерација на S-Class ќе се нуди како опција со систем за управување на задните тркала, кој значително ќе го подобри маневрирањето со луксузниот модел при ниски брзини, а од компанијата го споредуваат неговото однесување со тоа на компактен автомобил.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK