За време на традиционалната годишна прес-конференција, леснотоварниот оддел за автомобили на Volkswagen- Volkswagen Commercial Vehicles (VWCV), објави дека трансформацијата на компанијата продолжува со полна пареа, а крајната цел останува да биде сериозниот развој со среднорочен план.
Во однос на актуелната ситуација од VWCV велат дека новото Caddy ужива одличен интерес кај потрошувачите и дека оваа година ќе почнат првите тестови на првите автомбили во историјата на брендот ID-BUZZ, опремени со систем за автономно управување.
Од VWCV исто така споделуваат дека соработката со компанијата со Ford оди по план, а предвидува три заеднички проекти. Еден од нив е целосно новата генерација на пикапот Amarok, кој ќе биде развиен и произведен од Ford од слледната година.
„Тоа нема да биде само еден фантастичен пикап. Тоа ќе биде и еден вистински Volkswagen со јасно изразена ДНК, како во однос на технологии така и во однос на дизајнот“, велат од Volkswagen Commercial Vehicles.
Интересни новини ветуваат и од VWCV и во однос на новиот Multivan, кој ќе биде претставен за неколку недели и уште од самиот почеток на пазарниот предлог ќе биде познат и во веријата на plug-in.