Дигитализацијата на автомобилите зазема се поголем замав, а вградената напредна технологија значително го менува погледот на овие автомобили.
Новата реалност во автомобилската индустрија која се огледа на фактот што автомобилите се повеќе и повеќе делат сродни делови со компјутерите придонесува да се променат одредени гледишта во поглед на перформансите на возилата.
Така новиот шеф на Audi, Маркус Дисман смета дека во наредните неколку години круцијална важност во автомобилот нема да има моторот, КС, а ниту кубикажата туку процесорот.
“Техничкиот развој на возилата повеќе не се организира во согласност со големината на возилата, туку на основа на електричната и електронската архитектура” изјави Дисман, објаснувајќи при тоа да новите автомобили ќе стануваат поскапи додека премиум моделите од сега ќе се диференцираат во согласност со компјутерсата моќ, бројот на сензори и софистицираните електронски системи.
Ако некогаш беше комична фантастика, многу е веројатно дека наскоро новите автомобили ќе ги одбираме по моќноста на процесорот, RAM и ROM меморијата, па можеби и графичката карта.
Бизарно или не, но сосема реално.