Протести пред фабрика на Renault во Франција

ОБЈАВЕНО НА:

Неколку илјади работници се собраа на протест пред фабриката на Renault во Мобеж, на северот на Франција.

Работниците се испровоцирани од одлуката на производителот да отпушти 15 илјади работници ширум светот од кои 4.600 во Франција.

Според првичниот план, Renault планира да ја затвори фабриката која не работи од минатата недела. Дел од производството се планира да го префрли во градот Дуе кој се наоѓа 70 километри од фабриката во Мобеж.

“Во тек е земјотрес. Сакаме овде да ја задржиме фабриката. За нас овој протест е многу важен. Сакаме да и кажеме на Владата и Renault дека вработените и населението од тој дел од градот е премногу поврзан со фабриката” изјави еден од демонстрантите за француските медиуми.

Поради короанвирусот, Renault се наоѓа во финансиски тешкотии. Покрај тоа што побара помош од Владата на Франција, со цел да оствари заштеда на две милијарди евра објави дека ќе отпушти голем број работници ширум светот, а воедно најави и укинување на дел од моделите во понудата.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK