„Протече“ слика од внатрешноста на новиот Jeep Grand Cherokee

ОБЈАВЕНО НА:

За време на минатогодишната презентацијата на новиот стратешки план на FCA, беше потврдено дека Jeep во наредните четири години ќе претстави дури девет нови модели вклучувајќи ги и новите генерации на веќе постоечките модели.

Еден од долго најавуваните модели е и петтата генерација на најголемиот SUV во понудата, Grand Cherokee. Актуелната генерација датира уште од 2011 година што значи дека веќе девет години Jeep не понуди ништо ново кај овој модел.

Во моментов инжинерите на FCA активно работат на овој модел кој се базира на Giorgio платформата која се користи кај Alfa Romeo Stelvio. Веќе се појавија и неколку шпиунски фотографии од тестирањето на овој модел, но последната во низата ја прикажува внатрешноста на овој модел.

Она што е забележително уште на прв поглед е целосно новата внатрешност во која преовладува висококвалитетни и сјајни материјали. Централно место зазема 10.5 инчниот екран осетлив на добир. Тука е и новиот инфотејнмент систем, новите седишта, новите отвори за климатизацијата како и панелите за AUX и USB приклучоци.

Во производство новата генерација на Grand Cherokee ќе влезе во првата половина од 2021 година додека премиерата на продукцискиот модел ќе се случи следната година.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK