недела, 25 декември, 2025 година

Просечната старост на автомобилите во Македонија е …… загрижувачка

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Во Македонија се возат стари автомобили. Ова може да се заклучи од просечната старост на автомобилите, но и споредбата со останатите европски земји.

Само 2.2% од вкупно регистрираните автомобили се со старост до две години, 2.7% до 5 години, 8.4% до 10 години и постари од 10 години се 86.7% од автомобилите во Македонија или околу 360.000. Сето тоа покажува дека просечната старост на воизлата во Македонија изнесува 19.1 година што ја прави Македонија земја со најстар возен парк во Европа.

- Advertisement -

Интересно е дека од 2003 па досега староста се зголемила за речиси 4 години. До 2009 година староста се намалувала, а потоа почнала да се зголемува.

Во Грција на пример, просечната старост изнесува 15.7 години, во Хрватска 12.6 години додека пак во Словенија 10.1 година. Во Германија просечната старост изнесува 9.5 години, а во Австрија 8.2 години. Најнов возен парк има во Велика Британија каде просечната старост изнесува точно 8 години.

Се чини дека најголемо влијание врз креирањето на овој неславен резултат има економската моќ како и релативната недостапност на граѓаните до финансиски поволности при купување на нов автомобил. Но свое влијание имаше и дозволата на увоз на стари половни возила со ниско ниво на ЕУРО кога годишно влегуваа над 30.000 стари возила со сомнителен квалитет, и тоа со години по ред.

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја