вторник, 25 декември, 2025 година

Просечен нов автомобил во ЕУ ќе троши 2 литри на 100 км во 2030 година

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

На пазарот на автомобили во Европската унија се подготвуваат големи промени, а сигурно е дека просечниот возен парк односно застапеноста на автомобилите со мотори со внатрешно согорување и електрични автомобили како и plug-in хибриди значително ќе се смени.

Што конкретно значи ова? Многу повеќе plug-in хибриди и електрични автомибили во производството, кои емитуваат малку или се без CO2 во возење. Сепак, сигурно е дека Европската Унија ќе ја следи и вистинската потрошувачка на plug-in Хибриди за кои се сомнева дека возачите воопшто не ги полнат со струја и дека функцонираат како класични хибриди и емитуваат многу повеќе CO2 во реални услови.

- Advertisement -

Во 2030 година просечната потрошувачка кај новите автомобили би требала да биде околу две литри гориво на 100 километри или во просек 45 г/км CO2. Секако, тоа е невозможно да се постигне со автомобили опремени со класични мотори и веќе сега се прават калкулации во вкупната продажба на нови автомобили електричните возила во 2030 година ќе бидат 50 проценти.

Добрата вест за купувачите е дека се очекува просечниот електричен автомобил да чини како бензискиот или дизел моделите некаде околу 2025 година поради падот на цените на батериите.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја