Новата Opel Insignia Country Tourer својата премиера ќе ја има на саемот во Франкфурт овој септември, и набрзо потоа ќе се најде и во салоните. Но, оние што се нестрпливи за моделот кој нуди интелегентен погон на сите четири тркала со распределба на вртежниот момент, не мора да чекаат бидејќи може веднаш да се нарача. Insignia Country Tourer е достапна по цена од 34.885 евра (со вклучен данок, во Германија).
Новиот модел доаѓа со многу современа технологија и системи за помош на возачот. Стандардната опрема подразбира ултра модерно FlexRide преиум наслонување, помош при нагорнини, Opel Eye предна камера што подразбира систем за предупредување во случај на опасност од преден удар со детекција за пешаците и автономно сопирање во градски услови. Тука е и систем за предупредување во случај на напуштање на лентата во која се вози, како и систем за активно управување и задржување на возилото во траката, автоматски долги светла.
Патниците во Insignia Country Tourer уживаат и во најдобрата забава и поврзување со мобилните уреди со Apple CarPlay i Андроид Auto со компатибилно Radio R 4.0 IntelliLink систем.
Може да користи и Opel Exclusive концепт достапен со моделите Insignia Grand Sport и Sport Tourer што исто така е достапен. Во почетокот ќе бидат достапни 15 различни бои на каросеријата, а потоа ќе се понудат и неограничен број на нијанси. Ќе има избор и на голем избор на адекватни алуминиумски тркала. Exclusive линијата набрзо ќе биде проширена со голем избор на кожни преслеки во ентериерот и декоративни елементи. Секој модел како Exclusive доаѓа до Navi900 IntelliLink со 8 инчен екран во боја, Solar Protect боја која штити од сонце, и докажаниот IntellinLux матрикс светла. Овој модел во Германија е достапен по цена од 35.785 евра.