Промена во плановите на Tesla – Roadster мора да почека

ОБЈАВЕНО НА:

Не оди се по плановите во Tesla. Последен доказ за тоа е моделот Roadster кој требаше да се појави оваа година.

Овој кабриолет на Tesla премиерно беше претставен, во концептна форма, во 2017 година. Тогаш Макс изјави дека во продажба доаѓа во 2020 година, но сега истиот тој Маск ја одложи продажбата.

“Roadster е некој вид на десерт, прво мораме да ги приготвиме шницлите, компирот и салатата. Така Roadster мора да го почека Cybertruck кој ни е приоритет во овој момент” изјами Илон Маск.

Тоа значи дека Tesla најпрво ќе го комерцијализира моделот Cybertruck за кого има над половина милион резервации па потоа ќе се насочи кон Roadster. Оттука, овој модел нема да се појави пред 2022 година.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK