Пролет, лето, есен, зима, но и Монт Еверест на едно место (ВИДЕО)

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Ford открија детали околу новиот тест-центар за климатскиуслови, во кој од компанијата беа инвестирани неверојатни 70 милиони евра. Во новиот центар на Ford ќе можат да бидат создадени услови за добро тестирање, а ќе има варирање од најниски температури до огромна горештна, а во исто време ќе биде конфигуриран атмосферскиот притисок.

Големата слобода која ја добиваат инженерите и дизајнерите на брендот открива нови можности за тимовите кои ќе работат на тестирањето на идните модели. Тие ќе имаат можност да проверат како автомобилите ќе го издржат секој контакт со различните годинишни времиња, а ќе се тестира и како ќе изгледа близок контакт на превозното средство со ураган од 5. степен.

Во новиот комплекс ќе има можност да се создадат и ветрови со брзина до 250 км/ч, снежни виулици, пороен дожд, температури од -40 до +55 степени, а тестираните автомобили ќе можат да бидат „искачени“ дури до базниот логор на Монт Еверест од 5200 метри.

Во новиот климатски комплекс на Ford се оформени и три климатизирани воздушни тунели и четири камери со контрола на температурата, а една од нив дава можност за тестирања со променлива влажност на воздухот.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK