Производството на автомобили на глобално ниво можеби веќе го има достигнато својот врв, вели извршниот директор на Bosch, Фолкмар Денер, објавувајќи кратење на работните места за да може да се одговори на падот на годишната заработувачка од 44%, како и падот во побарувачката на автомобили.
Се очекува во текот на 2020 година глобалното производство на автомобили да забележи пад веќе трета година по ред од 2,6 проценти до 89 милиони возила.
„Ова се должи на падот на побарувачката на автомобили во Кина, Европа и САД. Можно е веќе да го имаме достигнато врвот на производство на автомобили“, вели Денер.
Тој исто така прогнозира дека автомобилската индустрија ќе успее да се насладува на некаков пораст најрано во 2025 година, додека за периодот 2017-2020 падот е околу 10 милиони примероци.
Од Bоsсh велат дека за 2019 година заработувачката на концернот пред сè од камати и од даноци (ЕBIT) e намалена за 3 милијарди евра, што претставува пад од 44% во споредба со бројките од 2018 година, а се работи за 5,4 милијарди.
И покрај ова, компанијата останала стабилна во текот на минатата година и имала обрт на средства од 77,8 милијарди евра, а тоа се должи на продажбата на повеже компоненти и системи на произеден автомобил.
Инаку, минатата година Bоsсh го намали бројот на персоналот за 6800 вработени и сега има 402.800 работници.
Компанијата се надева да надмине 1 милијарда евра во продажби на компоненти за електрични автомобили во текот на 2020 година со што би требало да бидат собрани 500 милиони евра за инвестиции во електромобилност.