Конзорциум создаден од водечките автомобилски производители во Европа, планира создавање на мрежа за брзо полнење на електричните возила. Во овој конзорциум учествуваат BMW Group, Daimler AG, Ford Motor Company, Volkswagen Group, Audi и Porsche. целта е да се направи мрежа од 400 станици кои ќе имаа сила од 359 kW
Истите станици треба да бидат достапни на главните патни артерии на континентот и да помогне во омасовување на пазарот на електромобили во Европа.
Независно од брендот, сите автомобили, создадени да прифатат моќноста од 350 kW, ќе можат да се полнат од идните станици. Мрежата ќе биде достапна за сите возила кои ги исполнуваат стандардите „CCS“.
Предвидено е изградба да започне во 2017-та година, а првично само 400 града ќе имаат такви станици. До 2020-та година, пак, корисниците треба да имаат пристап до илјадници такви станици за полнење, целта е преку брзо и ефикасно полнење да може да се изминуваат големи растојанија.