Бојата игра решавачка улога за многу луѓе при купување на автомобил. И производителите на автомобили доста добро го разбираат ова предлагајќи широк избор на бои во понудата. За некои брендови е добро познато дека вложуваат на одредени бои, како Ferrari каде црвената боја е специјална.
Интересно е да се види за кои брендови која боја навистина игра најважна улога? Оценката за тоа ја направи списанието Auto Strassenverkehr врз основа на податоците од регистрацијата на Федералниот орган за автомобилски транспорт (КВА).
Според нив најпопуларната боја на автомобил е сивата. Според KBA во 2019 година, 30,3 проценти од сите нови автомобили биле обоени во сиво. Следува црната со дел од 24,8 проценти, белата е со 20,6 проценти. Сината е на 4. место со дел од 10,9 проценти, пред црвеното (7,2 проценти) и кафеното (1,3 проценти). Боите жолто, зелено и портокалово се егзотични, секоја со 1,1 процентуален дел.
Сината боја била најпопуларна кај автомобилите Dacia со дел од 25,5 проценти, со што е пред купувачите на Honda (19 проценти).
Ferrari и Alfa Romeo се брендовите на автомобили кои се вистински амблем за црвената боја. И покрај тоа тие одамна се поминати од друг бренд. Брендот кој имаше највисок дел во црвена боја во 2019 година беше Mazda. Вкупно 29 проценти од сите модели на Mazda во Германија се доставени во црвено. На 2. место следува Alfa Romeo (24,1%).
Кафената боја купувачите ја сакаат, а 8,5 проценти од сите модели на Subaru со што се наоѓа пред Mitshubishi (5,3%) и Dacia (5,1 процент).
Зелено, жолто, портокалово исто така се бои кои се егзотични во Германија. Кај некои брендови тие земаат сериозен дел, на пример во филијалата на BMW Mini со 7,2% од моделите се продаваат во зелена боја. Зелената е многу популарна и кај клиентите на Citroen – 5,2 проценти. Повеќе фанови на жолтата боја има и кај купувачите на Suzuki, а станува збор за 5,3 проценти. И најголемиот дел од возачите, кои сакаат портокалово е кај СУВ возилата на Ssangyong со 7,9 проценти.