Маката ќе те натера на се. Тоа најдобро го знае кинескиот производител на електрични автомобили BYD. Овој производител наместо производство на автомобили изминатиот период произведуваше заштитни маски со цел да придонесе кон борбата против коронавирусот.
Блумберг пишува дека оваа компанија произведува 5 милиони заштитни маски дневно, а за таа цел Ван Чуанф, основачото на компанијата ангажирал 3 илјади инжинери. Овие инжинери биле вклучени во пренамената на фабриката како и самиот производствен процес. При тоа 90% од компонентите кои се користат се изработуваат во ова фабрика.
Оваа компанија која е основана во 90-те најпрво започнала како фабрика за производство на батерии, а потоа се преориентираше кон производството на автомобили за сега да произведува заштитни маски.
Сепак, по надминувањето на светската пандеија оваа компанија повторно ќе се сконцентрира кон производството на автомобили.