Продолжена гаранцијата на 15 години за Bugatti Veyron

ОБЈАВЕНО НА:

Сопствениците на возилата Bugatti Veyron веќе можат да ја користат гаранцијата со рок на важење од дури 15 години. За да го добијат правото за користење ќе мора редовно да одат на технички прегледи во регистрираните центри за тоа, каде доколку е потребно неисправните делови ќе бидат заменувани.

Во моментов Bugatti располага со 34 сервиси низ целиот свет, а од компанијата велат дека продолжената гаранција ќе биде „исклучително погодна за клиентите и ќе дозволи да бидат намалени расходите за оддржување на возилата“.

Заштедата на услугите тешко може да го привлече интересот на сопствениците на автомобили со цена на 1 милиони евра. Само комплетот нови гуми Michelin Pilot Sport за Veyron чини 40.000 евра, а Bugatti препорачува смена на истите на секои 4.000 километри.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK