Продажните салони на Mitsubishi Motors со нов изглед

ОБЈАВЕНО НА:

Со цел да се истакнат промените низ кои во последно време помина Mitsubishi, оваа компанија започна со унифицирање на своите продажни салони во нов, помодерен и порепрезентативен изглед.

Новиот концепт на продажни салони е именуван како ‘Dynamic slope’, а со текот на времето овој дизајн ќе биде имплементиран во околу 5.000 продажни места на компанијата ширум светот.

Салоните ќе имаат три бои: црна, сива и бела, со црвени додатоци, со цел да се обезбеди подобро искуство и да се засили брендот.

Гијом Картер, потпретседател на одделот за глобален маркетинг и продажба во Mitsubishi, вели дека “нивниот бренд се развива и клиентот мора да го почувствува тоа на секој чекор. Затоа внесуваме нов изглед на продажни места бидејќи сакаме да гарантираме дека корисниците ќе го почувствуваат духот на Mitsubishi на секој чекор, во сите продажни места во светот “.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK