Продажбите на Lexus скокнаа во втората половина на 2020 година

ОБЈАВЕНО НА:

Од компанијата Lexus ги објавија резултатите од продажбата на автомобилите во минатата 2020 година и според нив брендот има пад на вкупната глобална продажба од 6% што е рамно на 718.715 автомобили.

Од Lexus велат дека иако со пад од 16% во работењето во првата полоцина на годината, од брендот објавуваат пораст од 2% во продажбите во втората половина во споредба со резултатите од истиот период во 2019 година.

„Би сакал да ја искажам мојата искрена благодарност до секој наш клиент ширум светот, како и до секој од нашите членови на тимот вклучен во продажбата, проиводството и развојот“, вели Кожи Сато, претседател на Lexus International.

„Во текот на пролетта ние ќе ја претставиме новата визија на брендот, како и новата концепција, која ги илустрира нашите намери за иднината и поставувањето на почетокот на следната генерација на Lexus. Уште повеќе, ние ќе го лансираме нашиот нов модел со нашата нова визија во текот на годината и ќе продолжиме да претставуваме нови модели во текот на следната година, а и потоа“, дополнува Сато.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK