Продажбата продолжува да паѓа: Германците се вртат кон хибридите

ОБЈАВЕНО НА:

Пад на продажбата на нови автомобили од 0.5% е остварен во Германија во март годинава објавува KBA Motor Transport Authority во своето официјално соопштение за продажбата во оваа земја.

Според извештајот на оваа организација во март се продадени 345.523 нови автомобили што и понатаму не е задоволителен волумен, особено ако се земат во предвид продажните перформани пред 2-3 години.

Очекувано, и натаму автомобилите со дизелски агрегати бележат пад, овој пат од 2,7% што придонесе да дизел возилата во вкупната продажба учествуваат со 32,4%. Истовремено пад на продажбата од 6,4% остварија и автомобилите со бензински мотор, а на нивна сметка се зголеми продажбата на електрифицирани и хибридни автомобили.

Токму Tesla, заедно со Volvo и Audi се брендовите со најголем пораст на продажбата, додека најголеми губитници во март се Honda, Nissan и Jaguar. Процентуално, продажбата на Tesla порасна за 453%, на Volvo 39% додека на Audi скокна за речиси 16%. По одличните продажни бројки минатата година, Jaguar во март забележа пад од 26%, а Honda и Nissan од 40% односно 39%, а пад забележа и Toyota од 14%.

Економските аналитичари очекувааат веќе од следниот месец продажбата на нови автомобили да влезе во позитива по неколкуте месеци постојан пад.

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK