Продажбата на SUV возилата на Ford скокна за 28,5%

ОБЈАВЕНО НА:

Европскиот огранок на Ford објави пораст на продажбата на SUV возилата за минатиот месец, а бројките се зголемени за 28,5 проценти. Се работи за сумирање на бројките од продажабта во 20-те најголеми пазари во Европа.

Нивото коешто е достигнато вели дека биле продадени 104.800 возила, што е за 5,4 проценти повеќе во однос на октомври во 2016 година. Сумирано од почетокот на годината, Ford има продаени 1.153.000 автомобили, а тоа е 0,8% повеќе од 2016 година во истиот период.

Во однос на побарувачката на лесни автомобили порастот е за 77.800 возила или 4,2 проценти, а најголемиот успех во порасот е кај марката Fiesta од која се купени 18.000 возила.

Најголемиот пораст е кај SUV моделите. Одличните перформанси на EcoSport и Kuga во октомври ја подобрија реализацијата за 28,5 проценти што е на ниво од 18.600 возило, а за првите десет месеци во 2017 година е забележан пораст од 23,6 посто на пазарот во Европа (Австрија, Белгија, Велика Британија, Чешка, Данска, Финска, Франција, Германија, Грција, Унгарија, Ирска, Италија, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Шпанија, Романија, Шведска и Швајцарија).

Следете не и на:

24AUTO NETWORK