Според бројките кои се очекуваат до крајот на оваа година ќе бидат продадени 77,1 милиони нови автомобили или за 3,1 милиони помалку од 2018 година. Ваквата прогноза е дадена од страна на меѓународната рејтинг агенција, Fitсh Rаtings.
Ова претствува пад за 4% во споредба со минатата година, кога производителите успеале да продадат 80,6 милиони возила.
Тенденцијата на опаѓање не е изненадувача. Падот во продажбите почна во 2017 година, кога беа продадени 81,8 милиони автомобили достигнувајќи го нивото од 2009 година.
Клучен фактор за падот е пазарот во Кина. Во првите десет месеци од годината продажбите таму се во пад од 11 проценти во спроредба со 2018 година. Побарувачката е намалена и во Америка каде што се купени 16,9 милиони нови автомобили или за 2% помалку од минатата година.