понеделник, 25 декември, 2025 година

Продажбата на автомобили годинава падна за 24 проценти

ОБЈАВЕНО НА:

СПОДЕЛИ:

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ НАПИСИ

Најновите податоци кои ги носи агенцијата LMC Automotive покажуваат дека на крајот од првото тромесечие од годинава, продажбата на новите автомобили на светско ниво е намалена а 23,9 проценти до ниво од 17.108.099 примероци, во споредба со истиот период од 2019 година. Само во март падот бил 37,9% односно биле продадени 5.538.974 возила (8.912.667 во март во 2019 година).

На крајот од првите три месеци во 2020 година од LMC Automotive изнесуваат податоци за намалувње во продажбите на нови автомобили на сите главни пазари, а податоците варираат од 43,9% (до 3.501.330 примероци) во Кина, до 2.7% (892.996 примероци) во Источна Европа.

- Advertisement -

Во првата четвртина од годината, податоците за САД и Канада се соодвено 3.468.699 автомобили (-12.9%) и 331.325 (-19.5%), во Западна Европа се 3.142.782 (-26.9%), а во Јапонија се 1.356.273 возила (-10.1%).

Податоците на LMC Automotive за март покажуваат најголем пад на продажбите во Западна Европа од 52,6%, односно 883.502 возила, а сериозни намалувања се отчитуваат исто така и во Кина, 45,6% односно 1.327.492 возила. Во Канада падот е со 46,1 процент (98.424 возила), а во САД 38,6% (983.174). Единствениот од големите пазари со подобрување во продажбите на автомобили во март е Кореја со 9,9% односно 169.138 продадени автомобили.

 

Instagram
FbMessenger
WhatsApp
RSS
Follow by Email
Copy link
URL has been copied successfully!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Патувања

НАЈЧИТАНИ

Новитети

Магазин

Тест

Додатоци

Вози на струја