Продажба: Во Европа пад од 7,4 проценти во февруари- Бугарија е рекордер со минусот

ОБЈАВЕНО НА:

Податоците објавени од Асоцијацијата на автомобилските производители во Европа (ACEA) за февруари донесоа намалување од 7,4% до ниво од 957.052 автомобили. Во калкулацијата не се земени предвид резултатите од Велика Британија, каде што во текот на минатиот месец биле купени 79.594 нови автомобили (-7.4%).

Во февруари, намалувањето во бизнисот со автомобилите се набљудува на секој од основните европски пазари, каде што варираат од 10,8% во Германија, 8,8% во Италија, 6% во Шпанија и 2,7% во Франција.

Најсериозно на европскиот пазар во февруари е намалувањето отчитано во Бугарија со 29,2% до ниво од само 1.988 возила.

Според податоците на ACEA, во првите два месеци од 2020 година во Бугарија се регистрани 4.318 нови автомобили што е за 16,2% помалку во споредба со истиот период лани.

Податоците на ACEA за првите два месеци од годината отчитуваат исто намалување од 7,4% во Европа, а бројките кои се достигнати се 1.913.931 нови автомобили.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK