Продажба на возила – Франција, В.Британија и Шпанија со пораст, Италија и натаму во минус

ОБЈАВЕНО НА:

Најголемите европски пазари бележат опоравување во поглед на продажбата на нови возила. Ова може да се заклучи по објавените продажни бројки за претходниот месец во Франција, Шпанија, Велика Британија, Германија и Италија.

Во Велика Британија е забележан пораст на продажбата од 11% и тоа во првиот месец по реотворањето на продажните салони.

Во Шпанија е остварен минимален пораст од 1,1% односно 117.929 примероци. Минимален пораст на продажбата има и во Франција од 3,9% додека пак во Италија продажбата и натаму е во пад. Така во јули е остварен пад од 11% споредбено со истиот месец минатата година. Пад на продажбата во оваа земја бележат речиси сите брендови и производители, а меѓу најголемите е оној на FCA од 9% со што италијанско-американскиот производител изгуби еден процент од пазарниот удел во оваа земја.

Иако се уште нема официјални податоци за Германија, во оваа земја се очекува пораст на продажбата.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK