Автомобилот во кој Папата Францис се возел во септември во 2015 година при посетата на САД е произведен во Крагуевац, а станува збор за Fiat 500L. Возилото се наоѓа на аукција на сајтот Charitybuzz, а парите одат во добротворни цели.
Ова е вториот автомобил кој ќе биде продаден со оглед на тоа што се работи за две возила од истиот тип. Првото веќе било продадено и тоа во Филаделфија на добротворна аукција на почетокот на 2016 година за сума од 82.000 долари.
Вториот автомобил кој има зафатнина од 1,4 литри под хаубата има МultiAir turbo бензинец и автоматски менувач со шест брзини. Она што е интересно е дека автомобилот е практично како нов бидејќи има поминат само 737 километри.
Проценката е дека ќе биде продаден за околу 75.000 долари, а на десетина дена до крајот сумата која е достигната е 40.000 долари. Инаку, сумата за која ова возило може да се купи во САД е 20.000 долари.