Продале осум години стар автомобил како нов

ОБЈАВЕНО НА:

Производството на Honda S2000 заврши во 2009 година, но сепак неодамна вакво автомобил е продаден во Австралија преку нивната дилерска мрежа како нов.

Локалното издание на CarAdvice ја откри оваа неправилност, а истото било потврдено и од страна на директорот на Honda Australia, кој изјавил дека вакво возилот било продадено во Нов Јужен Велс, каде досега стоело како изложбено возило во салонот.

Всушност тоа е модел од 2007 година, односно ова бил AP2 модел. Исто како и оригиналот, втората генерација на S2000 имала 2,0 литарски воздушно ладен четирицилиндричен мотор. Агрегатот испорачува 237 КС.

Не се знае колку платил купувачот, но кога бил лансиран моделот н апазарот вредел околу 54.000 алерикански долари.

Следете не и на:

24AUTO NETWORK