Продадоа 118-годишна регистрациска табличка за 143.000 евра

ОБЈАВЕНО НА:

Еден од првите регистрациски броеви во Велика Британија беше продаден за 128.800 фунти или точно 143.411 евра на аукција на аукциската куќа Silvеrstоnе Аuсtiоns.

Тaбличката со натпис „О10“ му била издадена во 1902 година на Чарлс Томсон од Бирмингем и потоа се предавала во наследство во семејството.

Томсон кој бил роден во 1874 година поседувал компанија за трговија на големо со канцелариски аматеријали и бил на 10. место на редицата за регистрациски бројчиња пред 118 години.

После неговата смрт во 1955 година автомобилот бил наследен од неговиот син Бери заедно со табличката.

Бери Томсон починал во 2017 година и од Агенцијата за лиценцирање на возачи и превозни средства DVLА ја уважиле молбата на семејството да не се уништува бројот туку да им биде оставен во наследство.

Парите, сепак, се покажале поважни отколку сеќавањето на претците бидејќи од 13 ноември регистрациската табличка ќе го краси автомобилот на анонимниот нов сопственик.

 

Следете не и на:

24AUTO NETWORK