Некогашниот Формула 1 шампионат, тимот на Williams има нов сопственик. Како што соопштуваат од англискиот тим, новиот сопственик е американска инвестициона компанија.
Станува збор за компанијата Dorilton Capital чие портфолио опфаќа бројни компании, од производство на оружје до производство на храна. Така тимот на Williams Racing се приклучува на Aut Solutions, Hennigan Engineering, Island Abbey Food, MEI Rigiing&Carting, Midwest Cooling Tower Services, NHE Services, Traditions health, Versa Integrity Group и West.
“Ова значи крајот на една ера во која Williams беше во семејна сопственост, но ние знаеме дека и сега е во добри раце” изјави Клеир Вилијамс, ќерка на Френк Вилијамс.
Засега не се открива колку изнесува оваа зделка, а ниту плановите кои ги има новиот сопственик со овој тим.