Собранието попладнево, со 110 гласови „за“, ниту еден против и воздржан, во рамки на 144. седница, по скратена постапка го донесе Законот за измени на Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата според кој, возачките дозволи со „Република Македонија“ ќе важат до крајот на годината.
Согласно измените, рокот за вадење нови возачки со ознаката „Република Северна Македонија“ наместо до вечерва на полноќ, се продолжува до 31 декември 2024.
Се очекува ова законско решение да овозможи намалување на долгите редици чекања. Според првичното решение, возачките дозволи со ознаката „Република Македонија“, од утре веќе немаше да важат, не само надвор, туку и во државава.
Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]