Проблеми за Tesla Model 3 – му се откачи воланот додека возеше

ОБЈАВЕНО НА:

Возилата на Tesla не престануваат да бидат дел од насловните страници на весниците, магазините и ударните позиции на интернет порталите. Некогаш поради одличните перформанси, а често и поради не толку славни работи.

По неколкуте модели кои се самозапалија, појавата на рѓа кај некои примероци и откажувањето на батеријата, следен неславен настан е откачувањето на воланот на еден примерок.

Станува збор за настан кој се случил во Велика Британија поточно во градот Блекпул. Тука, сопственик на модел 3 додека возел му се откачил воланот.

За среќа овој настан не предизвикал сообраќајна незгода, но предизвика бурни реакции, особено на социјалните мрежи и во американските медиуми.

NewYork Times пренесува изјава на вработен од Tesla според која тој признава дека кај некои модели воланите фабрички не се добро присврстени.

Во меѓувреме, локалниот дилер на Tesla во Велика Британија го сервисираше овој примерок и бесплатно го прицврсти воланот.

 

Следете не и на:
[Fancy_Facebook_Comments]

24AUTO NETWORK